Meta и LG подготвуваат VR слушалки за 2025 година

Судбината на Meta Quest Pro 2 уредот е неизвесна, па дури и ако не е откажана, како што сугерираат некои извештаи, овие слушалки не можат да се натпреваруваат со слушалките Vision Pro на Apple. Затоа, компанијата Meta сега ги здружи силите со LG во проект за нови супериорни слушалки.

Meta постигна договор со LG Display за OLED микроекрани, меѓутоа, соработката е проширена за да вклучи делови од сестрински компании, батерии од LG Energy и други компоненти произведени од LG Innotek.

Новите слушалки ќе се појават на пазарот во 2025 година и ќе се продаваат по цена од околу 2.000 долари. Quest Pro првично беа со цена од 1.500 долари, но подоцна беше намалена на 1.000 долари. Двете цени се далеку под цената на слушалките Apple Vision Pro, кои ќе чинат 3.500 долари, така што тие не се баш директни конкуренти.

Засега нема информации какви подобрувања ќе имаат Meta Quest Pro 2, или како и да се викаат. OLED микроекраните ќе понудат поголема резолуција од 1.800 x 1.920 пиксели по око на Quest Pro, што изнесува вкупно 7 милиони пиксели. Слушалките на Apple имаат вкупно 23 милиони пиксели.

Meta Quest 3 ќе пристигне оваа есен по цена од 500 долари, но компанијата работи и на поприфатливи слушалки кои ќе се појават на пазарот во 2024 година и ќе чинат помалку од 200 долари. Цената на сегашниот модел Quest 2 е 300 долари.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Хардвер

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Read more

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе