Концепти

Mercedes во декември ќе го претстави моделoт GLA

25. ноември 2019 - 12:12 | М.С.

Мercedes GLA ќе го видиме на 11 декември, кога германската компанија ќе го претстави онлајн. 

Овој модел ќе биде базиран на истата платформа како најновата A Класа, а ќе претставува важно оружје на Mercedes на конкурентниот пазар на SUV автомобили. Најголема конкуренција на новиот модел ќе му бидат Аudi Q2 и BMW X2.

Сепак, GLA ќе остане најмал член на семејството SUV на компанијата Mercedes, а со оглед на тоа дека актуелниот модел е освежен во јануари, новата генерација е во последната фаза на доработка и ќе дебитира во декември.

GLA ќе ги поседува истите мотори кои ги користи и новата А Класа. Тоа значи дека ќе има 2,0-литарски четиричилиндричен дизел мотор со турбо полнач од 148 и 188 коњски сили и основен 1,5 литарски дизел мотор кој развива 114 коњски сили.

Во понудата ќе биде и 2,0-литарски четирицилиндричен бензинец кој развива 221 коњски сили, додека најмоќната верзија ќе биде Mercedes AMG со повеќе од 400 коњски сили.

Со MFA 2 платформата, Mercedes може да развие опција за plug-in хибридна технологија.

GLA би требало да има и полуавтономен систем за асистенција во возењето. Новата А Класа има темпомат базиран на радар, активна помош за системот на кочење, како и систем за одржување на возилата.