Mercedes го претстави GLE 63 S Coupe- најбрзиот SUV на денешницата

Потпомогнат со благ хибриден систем новиот Mercedes GLE 63 S Coupe располага со повеќе од 630 коњски сили.

На врвот на понудата за атрактивното каросериско издание на Mercedes Coupe SUV GLE сега е верзијата која ја покренува 4-литарскиот бит турбо V8 мотор на AMG на кој му асистира благиот хибриден погон, а на возачот му нуди повеќе од 633 коњски сили и повеќе од 1.000 Nm максимален вртежен момент.

За пренос на силата задолжен е 9-степен автоматски менувач AMG Speedshift, а новиот SUV со високи перформанси од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,7 секунди и достигнува брзина до 280 км/ч.

Сè уште не се објавени цената и датумот кога ќе почне со продажба.