Мејси Вилијамс: „Game of Thrones“ ми го одзеде детството

Заврши снимањето на осмата и последна сезона од популарната серија „Game of Thrones“, што значи крај на ангажманот на актерите кои работеа на серијата во текот на изминатите години. Една од нив е Мејси Вилијамс, која вели дека улогата во серијата ѝ го одзела детството.

Мејси Вилијамс вели дека е преплашена од нејзините врсници бидејќи „се откажала од живеењето како нормален тинејџер“ за да биде дел од „Game of Thrones“. Таа беше одбрана за улогата на Арија Старк кога имаше само 12 години и оттогаш го комплетираше образованието надвор од училиштата, преку приватни учители и тутори.

„Се откажав од голем дел од моите тинејџерски години. Сѐ уште сум преплашена од моите врсници бидејќи не поминував доволно време со нив“, рече Вилијамс во интервјуто за британскиот весник The Guardian.

Младата британска актерка заврши со снимањето на нејзините сцени за последната сезона на „Game of Thrones“ уште во текот на летото. Како што беше најавено и потврдено од креаторите на серијата, последната сезона ќе биде полна со неизвесности и несреќни судбини за повеќето од ликовите.

„Стигнавме до крајот и не можев повеќе. Го исцрпев секој можен дел од Арија што беше во мене“, продолжува Вилијамс.

Таа рече дека снимањето на последната сцена било многу емотивно, но и убаво на некој начин. Нејзиниот лик на крајот од серијата е „крвава и сама, бидејќи Арија секогаш крвари сама“. Иако фановите би убиле за да дознаат што се случува на самиот крај од серијата, Мејси реши да не кажува повеќе детали за снимањето на последната сезона.

„Крајот на серијата е емоционален но и возбудлив, бидејќи многу работи се случуваат одеднаш. Плачев често додека ги снимав сцените од последните неколку сезони“, заврши актерката.

Премиерата на осмата и последна сезона на „Game of Thrones“ е закажана за 2019 година, но засега останува непознато кога ќе се емитува првата епизода од серијата.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе