Медиумска фарса: 15 наслови покажуваат дека Меган е полошо третирана во медиумите отколку Кејт Мидлтон

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) ја шокираа јавноста минатата недела кога соопштија дека одлучиле да се повлечат од улогите на високи членови на британското кралско семејство и најавија дека планираат да формираат „прогресивни нови улоги во рамките на оваа институција“.

Кралицата Елизабета Втора вчера соопшти дека ја почитува нивната одлука и дека ќе следи период на „транзиција за младото семејство“ на нејзиниот внук.

Bored Panda направи контрастивна анализа на наслови во британските медиуми што покажува дека уште од нејзиното доаѓање во кралското семејство Меган Маркл е драстично полошо третирана од сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, и намерно оцрнувана за секој нејзин потег иако бил идентичен со оној на војвотката од Кембриџ.