„Медена земја“ номиниран за најдобар документарец на Европските филмски награди

Документарецот „Медена земја“ („Honeyland“) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска е номиниран за најдобар документарец на Европските филмски награди кои ги доделува Европската филмска академија.

Во Севиља, Шпанија денеска беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата Најдобар европски документарец за 2019 година.

Како што соопшти тимот на „Медена земја“, на овој потесен избор, пред три месеци му претходела селекцијата на „Медена земја“ меѓу 12 филмови – најсериозни кандидати за оваа награда. За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3.600 членови на ЕФА.

Победниците ќе бидат прогласени на свеченост што ќе се одржи на 7 декември годинава во Берлин.

Филмот „Медена земја“ деновиве освои нови награди. На 43-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил филмот доби две признанија: награда на критика за најдобар филм во меѓународната конкуренција и награда од жири за најдобар документарец во категоријата „Нови режисери“. Ја доби и главната награда на фестивалот Festival Ânûû-rû Âboro во Нова Каледонија, Океанија, потоа Golden Gateway, награда за најдобар филм во меѓународната конкуренција на Jio MAMI Mumbai Film Festival with Star во Мумбај, Индија.

Се закити и со специјалната награда од жири на меѓународниот фестивал на документарен филм West Lake што се одржува во Ханчоу во Кина. Следуваа наградата од публиката за најдобар филм на фестивалот во Луксембург, CinEast Festival, специјалната награда на Festival Cinemed во Монпелје, Франција и специјалната награда за документарен филм на фестивалот Девоур во Канада. На 64-то издание на меѓународниот филмски фестивал во Ваљадолид ја доби наградата Espiga Verde за најдобар филм во категоријата Cine y Cambio Climático во која се прикажуваа филмови кои го третираат проблемот на климатските промени и природните ресурси. Неодамна филмот бил прикажан на „Док Лајпциг“ во Лајпциг, Германија и на „Виенале“, интернационалниот филмски фестивал во Виена, Австрија.

[РЕЦЕНЗИЈА] Quō vādis? - Кон ветената „Медена земја“

Од тимот на „Медена земја“ информираат дека претстои учество на филмскиот фестивал AJYAL во Доха, Катар, и на Синевропа – фестивал во Сантјаго де Компостела, во Шпанија. „Медена земја“ ќе биде дел и од официјалната селекција на IDFA – најголемиот фестивал за документарен филм во светот кој се одржува во Амстердам, Холандија. Тоа, воедно, ќе биде и холандска премиера на филмот.

Режисерите и главната протагонистката во „Медена земја“ – Атиџе Муратова деновиве се во Њујорк, каде утре во Бруклин ќе бидат доделени наградите Избор на критиката за документарци (Critics’ Choice Documentary Awards). Филмот е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа. На церемонијата на Атиџе ќе ѝ биде врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

– На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) во САД ја доби наградата Pare Lorentz. „Медена земја“ е номиниран во уште три категории  (најдобар документарен филм, најдобра режија и најдобра кинематографија), а победниците ќе бидат објавени на 7 декември во студијата на Paramount Pictures  во Лос Анџелес, стои во соопштението.

Во моментов во тек е и промотивната кампања на филмот за номинации за Оскар, која е поддржана од Агенцијата за филм.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе