Филм & ТВ

„Медена земја“ на листата на најдобри филмови во 2019 според Rotten Tomatoes

13. октомври 2019 - 14:59 | А.С.

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е вброен меѓу првите десет на листата 120 најдобри филмови во 2019 година (досега) што ја состави Rotten Tomatoes.

Филмовите на оваа листа, пишува во објавата на веб платформата, покрај тоа што постигнаа огромен успех на киноблагајните, ја освојуваат критиката и публиката ширум светот.

Од Rotten Tomatoes нагласуваат дека секој филм на оваа листа е „Certified Fresh“ што значи дека го погледнале и оцениле барем минималниот број на одобрени критичари – 40 за оние со ограничен број на проекции и 80 за оние кои играле во кино - и добиле најмалку 75% одобрување на Tomatometer.

За „Медена земја“, консензусот на критичарите е:

„Преку животот во едно зафрлено село Honeyland нуди една перспектива што ни ги отвора очите со искуства што треба да ги допрат и оние луѓе кои го гледаат филмот на другата страна од светот“.

[РЕЦЕНЗИЈА] Quō vādis? - Кон ветената „Медена земја“