Живот

Мажите најмногу стравуваат од жените родени во овој хороскопски знак

20. септември 2019 - 14:41 | Б.С.Б.

Иако мажите сакаат покрај себе да имаат амбициозни, стабилни и зрели партнерки, повеќето стравуваат од жените родени во овој хороскопски знак поради нивната неверојатна сила.

Станува збор за жените родени во знакот на Овен, пишува Your Tango. Тие се исклучително силни, храбри и борбени жени кои од најрана возраст знаат дека со напорна работа и истрајност можат да остварат сè што ќе посакаат. Повеќето мажи покрај нив се чувствуваат инфериорно па прилично се двоумат дали да влезат во сериозна врска со нив.

Овие жени не се плашат да кажат кога нешто не им е по волја или кога сметаат дека некој  не е во право. Поради високата интелигенција влегуваат во расправа на која било тема.

Покрај себе сакаат маж кој знае што сака и кој ќе се однесува со нив како што треба, како што заслужуваат. Ако увидат дека не е така, брзо ќе ја прекинат врската бидејќи попрво би биле сами до крајот на животот отколку со некој кој не ги почитува и не ги заслужува.