Фудбал

Матиќ призна: Јас бев најголем виновник за поразот од Евертон

22. април 2019 - 16:37 | МИА

Ливерпул, 22 април 2019 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, се обвини себе си за поразот во натпреварот против Евертон синоќа. „Карамелите“ стигнаа до победа од 4:0 над тимот на Оле Гунар Солскјер.

„Во овој меч, многу работи не беа како што треба. Пред сѐ, нашиот пристап, мислам дека денес нашите најискусни играчи не играа на најдобар начин, во овој случај – јас“, рече српскиот репрезентативец Матиќ.

Тој е на мислење дека за дебаклот не треба да се обвинуваат младите фудбалери на тимот.

„Јас бев најголемиот проблем. Во вакви натпревари треба да освојуваш дуели во центарот на теренот и тогаш тимот ќе игра подобро. Кај нас тоа не се случи“, додаде Србинот.