Маск: Вештачката интелигенција ме потресува

Газдата на Tesla ја нарече својата компанија „лидер во светот на вештачката интелигенција (ВИ)“, но и побара воведување на повеќе регулативи.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, ја опиша својата компанија како глобален лидер во „реалниот свет на ВИ“, но и призна дека се чувствува „потресен“ од вештачката интелигенција и повика на построг надзор.

На презентацијата во средата пред инвеститорите во Gigafactory во Тексас, директорите на Tesla опфатија различни аспекти на производството и работењето на електрични автомобили и ја споделија својата проценка за тоа како светот може да претрпи транзиција кон одржлив енергетски микс.

Меѓу другото, Маск презентираше ажурирање за проектот за хуманоидни роботи Optimus на Tesla. Видеото прикажано на публиката содржеше неколку ботови кои се чинеше дека се во процес на составување на друг од нивниот вид.

URL

„Ние сме најнапредни во реалниот свет на ВИ“, подвлече милијардерот. „Не верувам дека постои некој што е барем блиску до Tesla во решавањето на реалниот свет на ВИ“.

Технологијата Optimus произлегува од развојот на способноста за самоуправување на Tesla, објасни Маск, додавајќи дека „автомобилите се роботи на тркала, а ова е робот на нозе“.

За време на сесијата за прашања на крајот од настанот, Маск имаше попесимистички тон кога беше прашан колку „генеративната вештачка интелигенција... може да ви помогне да правите автомобили“. Терминот се однесува на вид на неутрална мрежа која на барање генерира содржина, од слики до индустриски дизајни.

Маск одговори дека не гледа таков вид на помош да биде користена од Tesla во блиска иднина. Во моментот кога алгоритмите ќе можат да прават автомобили, „никој од нас нема да работи, само ќе си одмараме“, се подзамисли, додавајќи дека е загрижен од „работите со ВИ“.

„Мислам дека ни е потребен некаков регулаторен авторитет која ќе го надгледува развојот на ВИ и ќе се погрижи дека работи во доменот на јавниот интерес. Станува збор за прилично опасна технологија и се плашам дека направив нешто што ќе ја забрза“, изјави тој.

Маск одамна изјавува загриженост дека ВИ технологијата може да полуди, потенцијално да стави крај на човечката цивилизација. Додека дефинитивно нуди разни бенефити, треба да се покаже значителна претпазливост, напомена Маск. „Тоа многу ме потресува“, призна тој.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе