Маск: Tesla испорачува бесплатни респиратори на болниците ширум светот

Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија Tesla соопшти дека бесплатно ќе испорачува респиратори и друга потребна опрема за болниците ширум светот во екот на пандемијата на коронавирусот.

„Имаме дополнителни респиратори одобрени од ФДА. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на Tesla. Трошоците за уредите и испораката се бесплатни, напиша на Twitter Елон Маск, извршниот директор на компанијата.

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) е регулаторното тело и федерална агенција на америнскиот Оддел за здравство и човекови услуги.

„Единственото барање е респираторите веднаш да почнат да се користат за пациентите на кои им се потребни, а не да се чуваат во магацини“, напиша Маск.

Извршниот директор на компанијата ги повика заинтересираните да стапат во контакт со него или компанијата.

Маск минатата недела изјави дека од Кина купиле повеќе од 1.200 респиратори и дека ги испорачале во САД.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, минатата недела потврди дека Маск на својата сојузна држава ѝ подарил 1.000 респиратори. 

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе