Марија Велинова в сабота ја промовира стихозбирката „Омарнина што омалаксува“

В сабота, 13 мај, од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од младата поетеса Марија Велинова, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Владимир Мартиновски, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура.

Владимир Мартиновски, во поговорот кон книгата ќе истакне: „Марија Велинова низ лирските авантури навистина успева нешто за што се потребни обемни философски трактати да го изведе на лирски, елиптичен и сугестивен начин: преку поетските слики стиховите ни го предочуваат вечниот дијалог меѓу опипливото и апстрактното, видливото и невидливото, материјалното и умственото, покажувајќи ни дека постои ‘свето во световното / и духовно во материјата’. Таа симбиоза како да се одвива пред нашите очи токму благодарение на јазичните игри и паралелизми. Токму во и преку стиховите Велинова ни ги предочува тајните врски меѓу зборовите, преку возбудливите созвучја, хомоними и еуфонии, кои суптилно се вткаени во нејзините песни. (...) Посебно суптилен слој од песните на Велинова е и дијалогот како со експресивните можности на македонскиот поетски јазик, така и со поетската традиција, а во прв ред лириката на Ацо Шопов, која е дискретно присутна во дел од нејзините највпечатливи остварувања.“

Марија Велинова (2003, Штип) е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Авторка е на стихозбирките „Разговорите што не можевме да ги имаме“ (2021, Дата Песнопој) и „Омарнина што омалаксува“ (2023, ПНВ Публикации). Во 2022 година ја претставуваше Македонија на Интернационалната филозофска олимпијада во Лисабон. Нејзини есеи се објавени во списанијата „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“, како и на повеќе поетски читања, меѓу кои: „Отскочна даска“, „Поетска епизода“ и „Добри гости“. Нејзини песни се препеани на српски јазик.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе