Манекенка да биде: Она кога мачка ќе се прошета на модна писта

За време на модната ревија на француската модна куќа Christian Dior во Маракеш, Мароко, на огромната модна писта се појави и ненајавен гостин – мачка, која со својата ноншалантност и елеганција ја освои публиката.

Мачката се појави во моментот кога моделите групно дефилираа на крајот од ревијата. Симпатичното животинче им ја украде славата, одејќи во спротивен правец од нив.

Лежерното дефиле и спонтаноста на мачката станаа вирален хит на интернет.