Вчера, во 17:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката „Бит-пазар“ со повреда од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.
Според пријавеното, на подрачјето на Бит-пазар неколку лица му побарале пари, а откако не им дал, едно од нив го нападнало со остар предмет и му нанело убодна рана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.