Стил

„Maleficent: Mistress of Evil“: Анџелина Џоли блесна на премиерата во Рим

8. октомври 2019 - 11:29 | Б.С.Б.

Разводот со Бред Пит беше болно искуство за актерката која успеа да ги надмине проблемите и да се врати на сцената со второто продолжение на „Maleficent: Mistress of Evil“. Анџелина Џоли блесна во Рим појавувајќи се во виолетова креација во друштво на колешката Мишел Фајфер.

И двете го привлекоа внимание на новинарите со убавиот изглед и одличната изведба. 44-годишната Џоли со години е тема на таблоидите поради љубовните афери и разводите. Нејзиниот брак со Бред Пит заврши во 2016 година, кога мина низ најтешкиот период од животот. Драстично изгуби на тежина, а неодамна во интервју призна дека во тој период се изгубила самата себеси. Поради стресот актерката се соочи и со низа здравствени проблеми, а ѝ беа потребни 3 години за да ја поврати силата и да блесне како некогаш.

На европската премиера на „Maleficent: Mistress of Evil“ Џоли се појави поубава од кога било, во виолетова туника и црни пантолони, модна комбинација на Givenchy, со свежа и неутрална шминка и пуштена коса. Покрај неа се појави 61-годишната Мишел Фајфер која исто така изгледа одлично и младолико.