Архитектура

Мала кујна: Како да ја уредите?

30. октомври 2019 - 14:06 | М.С.

Со овие идеи и совети ќе ви биде полесно како да направите малата кујна да изгледа убаво и просторно, а во исто време да биде и функционална.

Влезната врата не треба да е блиску до работната маса

Доколку планирате да готвите со уште една личност, неопходно е да има 120 сантиметри простор за да се движите без да се удирате во елементите.

Модерен мебел

Модерниот мебел дури и во мал простор изгледа поголем, затоа што нема многу детали на него, што значи дека ќе имате современ дизајн на кујната. Изберете елегантни ормани и работна површина. 

Не бојадисувајте ги ѕидовите во впечатлива боја. 

Повеќе светла

Колку повеќе светла имате во некој простор, толку тој ќе изгледа поголем. Овој совет секогаш имајте го на ум затоа што визуелно ќе ја зголеми вашата кујна. Доколку имате големи прозорци, купете поголеми декоративни лустери.

Детали во боја

Ги избегнувате впечатливите бои затоа што сметате дека прават кујната да изгледа помала. 

Но, може да изберете детали во некоја пастелна боја за да му дадете свежина на просторот и да изгледа поубаво.

Мебел во бела боја

За љубителите на минимализмот, белата кујна без шарени детали е исто така добра опција. Не заборавајте да додадете текстура- мермер, бело дрво.