Македонски судија ќе го суди солунско-атинското дерби

Филип Здравески
/ 05.04.2024 / 13:47

Ново признанние за најдобриот македонски судија Александар Ставрев кој доби покана од Грчката фудбалска федерација (ЕПО) да го суди дерби натпреварот помеѓу солунски Арис и атински Панатинаикос.

Во најдобрата грчка често натпреварите ги судат странски судии, а со цел зголемување на регуларноста. Овој пат ЕПО се одлучи за Александар Ставрев, за кого испрати покана до ФФМ.

Поканата е прифатена, па така в недела од 18:30 часот по македонско време на „Клеантис Викилидис“ стадионот во Солун копјата ќе ги вкрстат Арис и Панатинаикос под будното ако на Александар Ставрев и неговите помошници Гоце Петрески и Дејан Костадинов. Четвртиот судија ќе биде домашен, Христос Вергетис.

Во грчкиот фудбал сите дуели меѓу поголемите тимови од Солун и Атина се сметаат за дерби натпревари. Така, Арис, покрај локалното солунско дерби против ПАОК игра дерби натпревари и против клубовите од престолнината - АЕК, Олимпијакос и Панатинаикос.

На 7 кола до крајот Арис е петти во плеј-офот групата со 48 бодови и без шанси да оти нагоре или па падне на последното плеј-оф место, но затоа пак Панатинаикос како трет со 62 бода се бори да го стигне лидрерот ПАОК, кој има 66. Меѓу нив на 2. место е АЕК со 65 бода.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Фудбал

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more
 

Спорт

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе