Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиона евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“.

Директорот на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски објави дека во март Националната агенцијата добила известување за конечност на одлуката за поврат на средствата.

Се работи за милиони евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година, а во извештајот се наведува дека постојат наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисника на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија, беше посочено.

Ѓоргиевски рече дека заедно со Владата се обидуваат преку интензивна комуникација и во координација со релевантни европски институции, да се најде најсоодветно решение како да се реализира овој поврат и како да не се повторуваат вакви случаи во иднина.

Како што соопшти, предметот е во рацете на Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка која се води, не може да соопшти повеќе детали.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе