ЕХФ ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Македонија со пораз го започна настапот на ЕП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација со пораз го започна настапот на 16-тото Европско превенство. Во Диселдорф, Македонија во првиот меч на првенството загуби од Франција со 29:39 (13:17).

Пред 50.000 гледачи на „Меркур-Шпил Арена“ во Диселдорф, Македонија на фаворитот му покажа заби, но во второто полувреме Франција го демонстрираше индивидуалниот квалитет и сурово ги казни сите грешки на македонските ракометари.

Речиси без грешка изледаше играта на Македонија во првите 15 минути. Франција на почетокот создаде предност од два гола (2:4), но благодарение на голманот Митревски, Македонија ја стигна и ја престигна француската предност.

Добрата игра на Македонија, при резултат 10:8, го натера францускиот селектор Гијом Жил, да бара минута одмор.

По тајм-аутот Французите ја засилија играта во одбраната и втората половина од првиот дел ја завршија со 3:9, за водство 17:13 по првиот дел.

Во второто полувреме Франција доминираше. Французите од контра и полу контра ги казнија сите грешки во нападот на Македонија.

На крајот Македонија доживеа пораз со двоцифрена разлика.

Најдобар кај Македонија беше голманот Митревски со 12 одбрани, а стрелците ги предводеа Пешевски со 7 и Ѓонов со 6 гола. Кај Франција најефикасни беа Деска со 7 и Наи со 6 гола.

Во наредното коло Македонија ќе игра против домаќинот Германија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе