Македонија

Македонијa падна три места на Индексот за просперитет на светско ниво

13. февруари 2018 - 16:46 | А.С.

Норвешка се искачи на првото место на листата најпросперитетни земји во светот, според индексот на Институтот Легатум за 2017 година, симнувајќи го Нов Зеланд на второто место.

Индексот за просперитет, во кој Македонија годинава се рангира на 56. место од 149 земји, покажува дека глобалниот просперитет е на највисоко ниво од 2007 година наваму, покрај значајните интернационални турбуленции.

11-тиот по ред Индекс за просперитет открива неколку изненадувачки глобални, регионални и локални трендови во економската и општествената добросостојба, како алармантното влошување на глобалната безбедност и сѐ поголемиот јаз меѓу најпросперитетните и најмалку просперитетните земји.

Институтот Легатум од Лондон го составува индексот врз основа на 104 варијабли, како традиционалните вредности, стопанството, стапката на вработеност и слично.

Во истражувањето беа опфатени 149 земји поделени во групи според тоа кои се најдобри за бизнис, кои се најдружељубиви, каде има најубава природа...

Македонија во 2016 година се рангирала на 53. место, што значи дека за една година паднала три места на листата.

Листата на петте најпросперитетни земји ја заокружуваат Финска, Швајцарија и Канада, а меѓу 25-те највисоко рангирани, од регионот се пласира Словенија на 20. место.

Целиот извештај на Легатум може да го погледнете ТУКА.