Мајсториите на Кристијано Роналдо во Литванија

Синоќа во Вилнус Кристијано Роналдо имаше свое шоу. Успеа да постигне дури четири голови во победата од 5:1 на неговата Португалија над домаќинот Литванија.

Со овие четири гола Роналдо стигна до вкупно 93 репрезентативни погодоци и уште само седум му фалат до фамозната стотка. Воедно, ова му беше 160 натпревар.

Португалија лесно ги собра планираните три бода кај слабата Литванија и сигурно ита кон пласман на ЕУРО 2020.