Мајкл Кејн планира неверојатен грабеж во трејлерот за „King of Thieves“
Британската крими-драма „King of Thieves“ е базирана на вистинска приказна за група пензионирани криминалци кои се решаваат да одработат еден последен грабеж на лондонска продавница за накит.
„King of Thieves“ е предводен од одлична актерска екипа од Британија – Чарли Кокс, Мајкл Гамбон, Реј Винстон и Џим Бродбент, а на чело стои Мајкл Кејн, за кого филмовите со грабежи се веќе позната работа.
Премиерата на филмот е закажана за крајот на овој месец.