Луксуз во облаци: Највисокиот ресторан во светот се наоѓа во Шангај

Ресторанот „Heavenly Jin“, кој се наоѓа на 120-тиот кат од хотелот „J Shanghai Tower“ и 556,36 метри над земјата, официјално е прогласен за највисок ресторан во зграда, што е забележано и во Гинисовата книга на рекорди.

„Од отворањето гостите го фалат ресторанот поради висококвалитетното гастрономско искуство што подразбира и услугата“, вели Џени Чан, генерална директорка на хотелот „J Shanghai Tower“.

„Дочекуваме гости и пријатели од целиот свет со искуство од повеќе нивоа над облаците“, напомена.

Чан додаде дека ова постигнување е „и доказ за посветеноста на раководството и оперативните тимови на 'Heavenly Jin'“.

„Heavenly Jin“ се наоѓа 100 метри повисоко од претходниот рекордер од 441,3 метри, кој во 2011 година го постави ресторанот „At.mosphere“ и кој се наоѓа на 122. кат во Бурџ Калифа зградата во Дубаи, ОАЕ. Тој ресторан е отворен во 2011 година, според Гинисовата книга на рекорди.

Ресторанот во Шангај има отворена кујна, прозорци од под до таван и 30 метри долг италијански мурал кој го прикажува Патот на свилата, наведуваат од хотелот. Во ресторанот се послужува мешавина од западна, кинеска и јапонска кујна, како и попладневен чај.

Самиот луксузен хотел се наоѓа во најголемиот облакодер во Кина и втор по височина во светот, зад Бурџ Калифа. Хотелските соби се од 86 до 98 кат.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Архитектура

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Read more

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе