Ф1
КАДЕ ЌЕ БИДЕ ОД 2021?

Луис Хамилтон побара неверојатна плата од Mercedes за продолжување на договорот

28. јануари 2020 - 18:09 | А.С.

Луис Хамилтон побарал нов четиригодишен договор од Mercedes кој германската компанија го одбила и се очекува по оваа сезона Британецот да најде нов тим во Формула 1.

Причината поради која челниците на Mercedes не сакале да ја продолжат соработката со шесткратниот светски првак е – платата.

Хамилтон, кој годишно добива 42 милиони евра, сакал зголемување платата на 55 милиони евра за 2021, 2022, 2023 и 2024 година.

Но, Хамилтон се чини не е многу загрижен поради ваквиот развој на настаните.

Тој е сигурен дека бараната сума ќе му ја понуди Ferrari, кој на крајот на оваа година ќе остане без Себастијан Фетел.