Lotus објави нови фотографии од својот прв електричен автомобил

Компанијата Lotus го претстави прототипот на својот прв електричен автомобил во Обединетите Арапски Емирати. Претходно беше претставен пред публиката во Велика Британија, САД и Јапонија.

Првиот човек на компанијата, Фил Пофам, изјави дека еден протитип на Evija веќе се тестира по улиците на различни климатски услови. За 2,23 милиони евра купувачите ќе можат да уживаат во возењето со овој ултраспортски електричен автомобил со 2.000 коњски сили и 1.700 Nm вртежи, со што би ја обезбедил титулата за најсилен продукциски автомобил во светот.