Лондонската полиција добила наредби за подготвеност за серија напади

Лондонската полиција и единиците за специјални намени SAS добиле наредба да бидат подготвени за серија од десет истовремени терористички напади на улиците на британската престолнина, пишува неделното издание на весникот Times повикувајќи се на локалните власти.

„Предвидовме во планот дејствување во случај на три симултани напада, но настаните во Париз (ланскиот 13-ти ноември) покажаa дека е неопходно да бидеме подготвени за поголем број напади. Подготвени сме, доколку некој се обиде да изврши седум осум девет, десет...“, го цитира весникот неименуваниот високо рангиран владин функционер, запознаен со состојбите во безбедноста.

Покрај тоа, армиските полкови, кои се распоредени во близина на Лондон, се ставени во состојба на готовност, доколку е потребно да им помогнат на полициските и силите на SAS. Формиран е, исто така, специјален тим од припадници на безбедносните структури во грофовијата Оксфордшир, кој доколку е потребно може да онеспособи хемиска или биолошка закана, вклучително и ткн „валкана бомба“.

Според сознанијата на весникот, британските власти стравуваат дека Лондон може да биде цел на терористите кои се вратиле од Сирија, кои можат да организираат серија напади, слично како во Париз.

Вечерта на 13-ти ноември 2015 година три координирани терористички групи извршија серија напади во Париз и неговото предградие Сен Дени. Тројца џихадисти со „самоубиствени појаси“ се разнесоа крај стадионот „Стад де Франс“ на кој се играше пријателскиот фудбалски меч меѓу селекциите на Франција и Германија. Втората група, веројатно од четворица напаѓачи од кои по еден се трага, нападна кафулиња и ресторани во североисточниот дел на Париз. Други тројца држеа заложници посетители на рок концерт во концертната сала „Батаклан“. Вкупно беа убиени 130 луѓе, а повеќе од 350 беа ранети.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе