Како омаж на традиционалната јапонска уметност и вештини, Lexus ја нарача изработката на првиот тетовиран автомобил на светот.
Оваа уникатна изведба на компактниот SUV UX ја дизајнираше и креираше лондонската тату артистка Клаудија де Сабе.
Користејќи чисто бел автомобил како „платно“ и Dremel алатка наместо игла за тетовирање, Клаудија ја направи оваа неверојатна шара која е симбол на среќата и упорноста во јапонската уметност.
Тетовираниот UX нема цена, но се проценува на околу 130.000 евра.