Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Фудбалерите на Баер од Леверкузен и Аталанта од Бергамо ќе играат во финалето на Лига Европа откако синоќа се одиграа реванш натпреварите од полуфиналето на ова натпреварување.

Тимот од Леверкузен го собори рекордот кој до синоќа го делеше со Бенфика од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања, па отсега е европски рекордер.

Рома водеше со 2:0 и се чинеше дека е на прагот на голем подвиг, а двата гола ги постигна Леандро Паредес од пенал во 43. и 66. минута. Сепак, „Фармацевтите“ и овој пат беа супериорни и подобри и постигнаа голови вредни за пласман во финалето и рекорд во самиот финиш.

Откако не може да го совладаат расположениот Миле Свилар, во 82. минута Џанлука Манчини си постигна несреќен автогол за 2:1, а во судиското надополнување нововлезениот Јосип Станишиќ израмни и го постави конечниот резултат од 2:2.

Remote video URL

Така, „Фармацевтите“ ќе играат во големото финале на Лига Европа каде ќе ги чека Аталанта.

Тимот од Бергамо на домашен терен го победи Олимпик Марсеј со убедливи 3:0 и се пласираше по оние 2:2 во Франција. Стрелци за Аталанта беа Адемола Лукман во 30. минута, Матео Руџери во 52. минута и Ел Билал Туре во 90+5.

Remote video URL

Финалето на Лига Европа е закажано за 22 мај на „Авива“ стадионот во Даблин.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе