НБА 2023/2024

Лејкерс направија изненадување во фантастичен дуел: Расел го реши Милвоки

Ноќеска на терените ширум САД се одиграа осум дуели, а единственото изненадување што го видовме беше во Лос Анџелес, каде Лејкерс во голем спектакл го совладаа Милвоки.

Лос Анџелес Лејкерс успеа да го победи Милвоки Бакс со 123:122 во вистинска пресметка помеѓу Д'Анџело Расел од едната и Јанис Адетокунбо и Демиен Лилард од другата страна.

Расел во победата на својот тим забележа 44 поени, 9 асистенции 6 шест скока, а од друга страна на Милвоки не му беа доволни трипл-даблот на Адетокунбо со 34 поени, 14 скока и 12 асистенции и дабл-даблот на Лилард со 28 поени, 12 асистенции и 5 скока.

Токму Расел по симултанката погоди за два поена на 7 секунди до крајот, направи пресврт и донесе победа на Лејкерс.

URL

Лејкерс сега имаат скор од 35-30 и се чини дека се заглавени во разигрувањето на Западот, додека Бакс со 41-23 се трети на Истокот.

Remote video URL

Атланта Хокс оствари многу важна победа од 99:92 на гостувањето кај Мемфис Гризлис и со тоа ја продолжи борбата за плеј-офот.

Дежонтеј Мареј беше фантастичен за Хокс со 41 поен, 7 скока и 6 асистенции, додека Богдан Богдановиќ во истиот тим постигна 16 поени, вклучително и важна тројка на крајот од натпреварот.

Remote video URL

Во преостанатите дуели немаше изненадувања. Како гостин Њу Орлеанс беше подобар од Филаделфија, а продолженија се играа на дуелот Кливленд – Минесота (113:104).

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Њу Орлеанс Пеликанс 95:103
Вашингтон Визардс - Шарлот Хорнетс 112:100
Кливленд Кавалирс - Минесота Тимбервулвс 113:104 (прод.)
Њујорк Никс - Орландо Меџик 98:74
Мемфис Гризлис - Атланта Хокс 92:99
Оклахома Сити Тандер - Мајами Хит 107:100
Лос Анџелес Лејкерс - Милвоки Бакс 123:122
Портланд Треил Блејзерс - Хјустон Рокитс 107:123

Табела:

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе