УЕФА ЕУРО 2020

Легендата за Кирикочо: Како Кјелини го проколна Сака

Италијанскиот дефанзивец го има и на снимка како извикува нешто момент пред Џиџи Донарума да го одбрани решавачкиот пенал на Букајо Сака.

Џорџо Кјелини вели дека му фрлил клетва на Букајо Сака кога тинејџерот го изведуваше пеналот од последната петта серија на финалето на Еврпското првенство.

Момент пред Сака да шутне, Кјелини извикал „Кирикочо“ - збор кој фудбалерите со децении го користат за да нанесат лоша среќа на противникот.

Говорејќи за ESPN Argentina, Кјелини на прашањето од водителот Кристиан Мартин за клетвата одговори потврдно.

„Здраво Кристиан. Ти потврдувам сѐ: Кирикочо!“, призна Кјелини.

URL

Кјелини беше случајно фатен на камера на видеото кое го објави УЕФА прикажувајќи ја реакцијата на Италијанците при последниот пенал на Англија на кое јасно се гледа дека дефанзивецот извикува нешто.

URL
Што е клетвата Кирикочо?

За време на 80-тите години на минатиот Хуан Карлос, со прекар Кирикочо, бил жесток навивач на Естудиантес од населбата Ла Плата во Буенос Аирес. Навивачот одел и на тренинзите на клубот, но тогашниот тренер Карлос Билардо приметил дека неговите фудбалери мистериозно се повредувале секогаш кога Кирикочо присуствувал на тренинг.

Како што вели легендата, Билардо побарал од Кирикочо да не доаѓа на тренинзите на Естудиантес, туку да ги посетува оние на останатите клубови, односно неговите ривали, за неговите проколнати моќи да им наштетат на ривалите наместо на Естудиантес.

„Кирикочо беше дете од Ла Плата кое секогаш беше со нас, и бидејќи таа година станавме шампиони (1982) го посвоивме како наша маскота“, еднаш изјави Билардо.

„Беше добро дете, но потоа никогаш повеќе не го видов. Последниот пат кога го предводев Естудиантес (периодот 2003-04) се распрашав за него и никој не знаеше ништо“, дополни тој.

Легендата за Кирикочо оттогаш се раширила помеѓу фудбалерите во Аргентина, а тие ја однеле и во Европа, особено во Италија каде има голема колонија на аргентински фудбалери. Зборот Кирикочо се користи секогаш кога треба да се проколне противнички фудбалер.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Фудбал

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Read more

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Read more

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more
 

Спорт

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе