Фудбал

Легендарен потег: Скоко потсети на мајсторијата на Бергкамп

14. декември 2019 - 9:19 | А.С.

Фудбалерите на Ривер Плејт синоќа славеа во финалето на Купот на Аргентина против Сентрал Кордоба и освоија нов трофеј во ерата на Марсел Гаљард.

На стадионот Малвинас Архентинас екипата од Буенос Аирес славеше со 3:0. Игнасио Скоко одигра одличен натпревар. Постигна погодок во 31. минута од средбата за водство на својата екипа, а потоа му асистираше на Фернандез во 68. минута. Конечните 3:0 ги постави Алварез четири минути подоцна.

Скоко со еден дриблинг на овој натпревар возбудливо потсети на Денис Бергкамп и мајсторијата на Холанѓанецот во дресот на Арсенал против Њукасл Јунајтед.

Скоко го „издрибла“ ривалот на средината на теренот, а легендарниот потег на Бергкамп заврши со погодок пред 17 години и остана запаметен како еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата.