Лавров од Скопје го нападна Западот: Косово беше украдено од Србија, НАТО изврши брутална агресија врз Југославија

Макфакс
/ 30.11.2023 / 14:57

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е пред колапс и дека Западот ги убива шансите за заживување на таа организација.

Ова го изјави на самитот на ОБСЕ што се одржува во Северна Македонија, пренесува Reuters. Лавров додаде дека перспективите на организацијата се нејасни и потсети дека организацијата била уништена во 1999 година, пренесува Спутник.

„Крајот на биполарната конфронтација се чини дека го направи бесмислено постоењето на атлантската Алијанса. Земјите од НАТО и ЕУ ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ. Во 1999 година, НАТО изврши нескриена, брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН. И во 2008 година, кршејќи ја резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од Хелсиншкиот завршен акт, на Србија ѝ беше одземено Косово без никаков референдум“, посочи Лавров.

Тој потсети дека за нешто повеќе од една година, ќе се навршат 50 години на Хелсиншкиот завршен акт.

„Во тој поглед, со жалење можеме да кажеме дека ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни“, рече рускиот министер.

Тој се осврна и на санкциите кои Западот ѝ ги воведе на Русија во неверојатна количина.

„Во обид да ја урнат руската економија, САД и нивните европски сателити воведоа илјадници санкции кон Русија, ставајќи крај на широката практична соработка меѓу Истокот и Западот во нашиот некогаш заеднички регион“, рече тој.

Тој додаде дека се добива впечаток дека ЕУ ги напуштила првичните цели на нејзините креатори за подобрување на благосостојбата на земјите-членки и се претворила, главно преку напорите на бриселската бирократија, во агресивен геополитички проект.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе