Лавров го претстави руското решение за војната меѓу Израел и Хамас

Макфакс
/ 24.10.2023 / 09:22

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, повика на прекин на огнот и решавање на хуманитарните прашања како приоритет за намалување на тензиите во војната во Газа.

„Потоа, се разбира, потребен е механизам кој ја разгледува ситуацијата во поширок контекст“, рече Лавров во Техеран, на маргините на разговорите за нестабилноста во регионот на Јужен Кавказ, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

Тој контекст, рече Лавров, предвидува решение со две држави. Тој го обвини Вашингтон дека со години ја блокира работата на Квартетот за Блискиот Исток, кој го сочинуваат Обединетите нации, САД, Европската Унија и Русија.

Покрај прекинот на огнот, Русија побара отворање на хуманитарни коридори за помош на населението во Појасот Газа со храна и лекови.

На состанокот на министрите за надворешни работи на Иран, Турција, Ерменија и Азербејџан во Иран, Лавров го критикуваше распоредувањето на американски воени бродови во Источниот Медитеран како опасно мешање во конфликтот.

Колку повеќе такви чекори, „толку е поголема опасноста да се прошири конфликтот“, рече шефот на руската дипломатија.

URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе