Lada Vesta Sedan Cross: Лимузина за сите терени

Avtovaz ги објави првите фотографии од новата лимузина на Lada која има повисоко растојание од земјата за разлика од останатите возила во оваа категорија. Vesta Sedan Cross е уникатен модел, нетипичен за источноевропските производители на автомобили.

Повишените верзии на моделите седан се права реткост на пазарот, со оглед на тоа што производителите обично им нудат на купувачите „крос“ автомобили кои се настанати на база на хечбек или караван.

Volvo е еден од оние производители кои отстапија од тие правила и пред неколку години оваа компанија ја произведе лимузината S60 Cross Country. Сега, по истите стапки тргна и Lada.

Руската компанија од Vesta Sedan направи „крос“ варијанта, базирана и на Vesta SW Cross. Lada Vesta Sedan Cross има значително поголемо растојание од земјата во однос на стандардната верзија на оваа лимузина. Таа изнесува цели 203 мм, што е дури повеќе од некои кросовер/SUV модели.

Освен тоа, автомобилот има и додатни заштитни елементи на долниот дел од каросеријата, кои го штитат возилото од помали физички оштетувања предизвикани од мали камења на нерамните патишта.

Avtovaz досега не објави ништо околу спецификациите на овој автомобил, но се очекува тој да го има истиот мотор како на базичниот модел на Vesta, односно 1,6-литарски Euro 6 бензинец со 16 вентили и 106 коњски сили.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе