Курти најави заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора

Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и ја најави можноста за одржување заеднички седници со владите на Северна Македонија и Црна Гора.

Во објавата на својата страница на Facebook, Курти, кој учествува на Самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.

– Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори, ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и на Северна Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив, напиша Курти.

Новиот косовски премиер потсети дека вчера се навршиле три недели од изгласувањето на неговиот Кабинет и изрази задоволство што на самитот на ЕБОР имал можност да говори за приоритетите на Владата која ја води, како и за односите со Србија и реципроцитетот кој има намера да го воведе во однос на таа соседна држава.

– Драго ми е што на овој ден имав можност да говорам за значењето на инвестициите за економијата, претприемништвото на нашите млади посебно во информативната технологија, инфраструктурата што поврзува и овозможува развој, односите со Србија и принципот на реципроцитет итн. Вработувањето од една и европските интеграции и зачленувањето во НАТО од друга страна, се нашите приоритети како нова Влада на Косово, истакна Курти.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе