Музика

Култните „Бој Харшер“ во Скопје

5. март 2020 - 16:28 | А.С.

Едно од најголемите имиња на електронската dark wave сцена, култните „Бој Харшер“, доаѓаат во Скопје.

На 4 април во Младинскиот културен центар од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт кој ќе донесе сирова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики.

Концертите на американскиот врвен електронски бенд „Бој Харшер“ ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето...

Оваа вечер ќе настапи ипост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД - „Хајд“.

Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата.

Концертот е во организација на „ROTKO Books &Music“, а билетите се достапни во билетарницата на МКЦ и на следниот ЛИНК.