Кривична против едно лице за учество во странска војска

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје за „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“.

– Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК на МВР, вчера (26.02.) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Скопје, за сторени кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322 а, став 3 вв став 9 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како што посочуваат од МВР, со намера да замине за Сирија за да учествува во странска војска „Џабхат ал Нусра“ (прогласена за терористичка организација од страна на ООН во 2013 година), преку интернет апликации за комуникација остварил контакти со две лица државјани на Северна Македонија, од кои едниот се наоѓал во Сирија, а другиот повратник од Сирија. Од страна на овие лица, се наведува во соопштението, му била дадена гаранција (теские) за приклучување во наведената терористичка организација и договориле дека ќе го информираат за времето на тргнување и начинот на неговото пристигнување во Сирија.

– На 1 ноември 2019 година пријавениот со автобус ја напуштил територијата на Р. Северна Македонија преку граничниот премин „Богородица“, додека на 02.11.2019 година остварил влез во Р. Турција, од каде по создадени услови требало илегално да ја премине турско-сириската граница и да биде прифатен од страна на две непознати лица. На 06.11.2019 година при обид илегално да ја премине турско-сириската граница, А.Б. бил уапсен од страна на турските безбедносни органи, лишен од слобода и сместен во Центар за отстранување во Хатај, Р.Турција во близина на границата со Сирија, така што кривичното дело останало во обид, се вели во соопштението.

При неговото лишување од слобода, наведуваат од МВР, тој бил без документи за идентификација, лажно се претставил и кажал дека имал намера да патува во Алепо, Сирија.

Од МВР посочуваат дека по остварена меѓународна полициска соработка и во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара утврден е неговиот идентитет, издаден е патен лист и А.Б. е депортиран на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, каде е преземен и приведен во ПС за ОН Кисела Вода.

Оттаму соопштуваат дека вчера по издадена наредба од Судија за претходна постапка извршен е претрес во домот на А.Б., при што се пронајдени и одземени девет мобилни телефони, една СИМ картичка, две УСБ и еден преносен компјутер.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Хроника

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more
 

Вести

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе