Кривична пријава за двајца државни правобранители на подрачјето на Велес

Скопје, 10 јануари 2020 (МИА) – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против П.Н.(64) од Прилеп, со живеалиште во Скопје и Б.П.(45) од Велес, двајцата вработени како државни правобранители на подрачјето на Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Првопријавениот П.Н. постапил спротивно на одредбите од Законот за државното правобранителство и не обезбедил согласност – известување од Владата на Р.С.Македонија за натамошно застапување, која бил должен да ја обезбеди во случаите кога од една страна ги штити имотните права и интереси на Р.С.Македонија, а од друга страна, како законски застапник, ги штити имотните права и интереси на државните органи. Станува збор за предмет во кој како тужители се јавуваат правниот субјект „Павор’’ извоз-увоз Орце ДООЕЛ Скопје и лицето О.П. од Велес, а како тужена странка во постапката се  Р.С. Македонија, Министерство за финансии, Управа за јавни приходи-Регионална дирекција Прилеп и Трговското друштво за вработување инвалидни лица за производство на апарати за домаќинство „ДИНАМО-ХИТ ДОО“ Велес, соопшти денеска МВР.

Оттаму појаснуваат дека пред Основен суд Велес, од страна на тужителите бил оспорен Записник од втора продажба на имот со јавно наддавање од 5 декември 2005, изготвен од страна на првотужениот РСМ – Управа за јавни приходи, според кој „Динамо – Хит“ ДОО Велес купил земјиште со површина од 26.077 м2 на подрачјето на Велес, во рамките на извршната постапка за присилна наплата на долг кој произлегува од даночните обврски на должникот „Лозар – Агросервис“ АД Велес, бидејќи должникот бил корисник на предметното земјиштето кое било во сопственост Р.С. Македонија и  тоа не може да биде предмет на присилна наплата, затоа што согласно законските прописи извршување се спроведува само од имот кој е во сопственост на должникот.

Тужителите, исто така, го оспориле и неоснованото запишување на горенаведениот имот на име на „Динамо – Хит“ ДОО Велес од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, при што од страна на Основниот суд Велес по изведените докази и утрдувањето на фактичката состојба во постапката била донесена првостепена пресуда од 5 март 2018 година со која било констатирано дека предметното земјиште е во сопственост на државата, а не во сопственост на даночниот должник „Лозар – Агросервис“ АД Велес.

Од МВР информираат дека првопријавениот П.Н., наместо да ја прифати пресудата од 5 март 2018 година на Основниот суд Велес, со која било утврдено дека земјиштето било и останало во сопственост на Р.С.Македонија, на 22 март истата година вложил жалба на оваа пресуда, а подоцна на 15 мај 2019 година и вонреден правен лек – ревизија, додека второпријавениот Б.П. на 22 март 2018 година ја потпишал жалбата на пресудата од 5 март 2018 година на Основниот суд Велес, без да ги ценат правните интереси на Р.С.Македонија. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе