Кревети наместо седишта: Како изгледа киното од соништата?

Дали сте мечтаеле за кино во спалната соба? Швајцарија го оствари овој сон на луѓето кои во кино сакаат да се чувствуваат како дома.

Станува збор за ВИП спална соба во киното Pathe во Швајцарија, во област блиску швајцарско-германската граница. Киното претстави нов начин на гледање филмови, во салата има 11 кревети опремени со чаршави и перници. Покрај тоа, грицките и храната се бесплатни. Еден ВИП билет чини околу 48 долари и вклучува бесплатно храна и вода, додека обичниот билет чини 19 долари.

Покрај киното за возрасни има и кино за деца, опремено со потребните реквизити за децата да се чувствуваат удобно. Билетот за деца чини 14 долари.