Кралица на врескањето: Оперска пејачка учи металци како да пеат

Мелиса Крос е оперска пејачка, актерка и професорка по соло пеење која со раво ја носи титулата Кралица на врескањето.

Таа соработува со метал бендови и им помага на пејачите да пеат правилно и да не си го уништат гласот. 60-годишната пејачка има работено со некои од најголемите имиња во метал музиката, од „Слипкнот“ до „Мегадет“ и сите пејачи ѝ се благодарни што ги научила како да пеат правилно, а да останат верни на метал звукот.