Крај на „The Big Bang Theory“ по 12 сезони, Кејли Куоко објави дека „се дави во солзи“

CBS вчера соопшти дека популарната ТВ-серија „The Big Bang Theory“ ќе заврши со 12-тата сезона.

Кејли Куоко, која ја глуми Пени во серијата, веднаш се обрати до фановите преку социјалните мрежи и рече дека „се дави во солзи“ поради веста дека нема да има 13-та сезона.

Таа објави фотографија од актерската екипа со наградата People's Choice Awards и напиша:

„Ова патување беше вистинско остварување на сонот и ми го промени животот. Без разлика кога ќе завршеше, крајот секогаш ќе ми го скршеше срцето на две.“

„Се давам во солзи, ви ветуваме дека ќе ви ја подготвиме најдобрата сезона досега. Им благодарам на сите, на обожавателите, на нашата екипа, на семејствата, на Чак Лори, Warner Brothers , CBS и сите што ни даваа поддршка сите овие години. Ќе си заминеме славно!“

Куоко (32) стана ѕвезда благодарение на серијата во која игра со Џим Парсонс, Џони Галецки, Сајмон Хелберг, Кунал Најар, Мелиса Раух и Мајим Бјалик.

Кога ќе заврши со емитување на 12-тата сезона во мај, 2019, „The Big Bang Theory“ официјално ќе стане најдолго емитувана ситком серија снимана со multi-camera setup (повеќе камери на еден сет) во историјата на телевизијата.

Серијата почна да се емитува во септември, 2007 година. Има добиено 52 номинации за награда Еми од кои има освоено 10, како и седум ноинации за Златен глобус.

Вкупно, серијата има 56 награди од 2016 номинации досега.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе