Коронавирусот ги испразни улиците низ светот

Како што се шири пандемијата на коронавирусот и расте бројот на заболени од Covid-19, сѐ повеќе земји ги засилуваат мерките за заштита кои вклучуваат препораки за самоизолација, излегување надвор по потреба, па и забрани за движење.

Мерките и стравот од непознатата болест ги испразнија улиците низ многу градови низ светот каде во секој друг обичен ден би владеел метеж.