Kоординативен кризен штаб: Здравствените работници максимално да се заштитат и да ги почитуваат протоколите

Заштитата на медицинските работници и обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето во пандемијата беше во фокусот на 17. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, што се одржа денеска во Владата.

- Едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на здравствените работници, кои деноноќно работат на заштита на нашите граѓани и се на првата линија во борбата со коронавирусот е приоритет, соопштија од Владината прес служба.

Министерството за здравство, се посочува, од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита за здравствените работници, тоа се протоколите за заштита на различни нивоа и степени, со детални објаснувања кој протокол каде се користи. При тоа, од состанокот на Главниот координативен кризен штаб произлезе апелот до сите здравствени работници, да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе.

На состанокот е препорачано и Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) да продолжи интензивно со контроли и санкционирање на непочитување на мерките од страна на здравствени работници кои не се придржуваат до протоколите за работа.

Воедно,  е заклучено да им се препорача на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани, стои во соопштението.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе