Носителите на авторските права на Мајкл Џексон ја нарекоа „потполна фарса“ одлуката за номинација на „Leaving Neverland“ за наградата Emmy и тоа во категорија најдобар документарен филм.
„Leaving Neverland“ кој за првпат е емитиран во март, ја следи приказната на двајца мажи кои тврдат дека поп звездата сексуално ги злоставуваше додека беа деца, пишува BBC News.
„Одлуката да се номинира филм кој е фикција за награда во категорија на документарни филмови е потполна фарса“, се наведува во изјавата.
Тие истакнуваат дека нема ниту еден доказ за тврдењата кои се изнесени во овој документарец.
„Leaving Neverland“ заработи вкупно 5 номинации пред Фестивалот Creative Arts Emmys и продолжи да освојува награди и во конкуренција со други документарни филмови.
Овој контроверзен филм кој е во режија на Ден Рид, ги вклучува интервјуата со Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои биле на возраст од седум и десет години кога пејачот се спријатели со нив и нивните семејства.
Кога првпат беа објавени листите за номинација за Emmy, Рид рече дека оваа признание е од големо значење за сите кои се вклучени во процесот на настанување на филмот.
Од друга страна, носителите на авторски права на Мајкл Џексон рекоа дека немаат ниту еден доказ кој го потврдува она што е тематика во документарецот кој е работен во тајност и за кој никој освен овие две личности не изнесe вакво тврдење.