МК сцена

Концерт на „Фолтин“ на 14 февруари во МКЦ

3. февруари 2020 - 20:15 | А.С.

Македонскиот бенд „Фолтин“ на 14 февруари ќе одржи целовечерен концерт во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.

МКЦ го најави настанот на социјалните мрежи, каде соопшти дека почетокот е закажан за во 22 часот, а пред концертот атмосферата ќе ја загреваат Андреј мицејков, Игор Спироски и Бојан Чакра со музички селекции на винил.

Повеќе информации, како кога ќе почне претпродажбата на влезниците за концертот, МКЦ ќе објави наскоро.