Колку килограми може да изгубите за седум дена?

За губење на тежината е потребно време и тоа е сосема нормално. Дури и кога се само неколку килограми во прашање, процесот на слабеење зависи од многу фактори вклучувајќи го и вашиот метаболизам, почетната тежина и квалитетот на сон.

Кога некој ќе го постави прашањето колку килограми може да изгуби за седум дена, многу е тешко да се одговори кратко и јасно.

Неколку научници зборуваа за Women’s Health и се обидоа да дадат одговор за тоа што е добро за вас и вашето тело.

Прво, она што можете да го изгубите и она што ќе го изгубите се две различни работи.

„Доколку сакате да ослабете и да не се здебелите повторно, треба да ослабете така што треба да губите еден килограм неделно“, вели нутриционистот д-р Лорен Слејтон. Така ќе ви биде многу полесно да ја одржите килажата и да слабеете.

Екстремната диета ќе ви помогне да ослабете дури три килограми неделно, но тие килограми ќе ви се вратат за брзо време.

Можноста за слабеење зависи од неколку фактори

Губење на течности

„Доколку пребрзо слабеете, веројатно не ги губите масните наслаги. Она што го губите најверојатно е само водата. Таа може да се изгуби многу брзо, но за брзо време се враќа“, напоменува докторката Александра Сова.

Мускулна маса

Доколку за многу брзо време изгубите калории, можеби губите од масата на мускулите наместо масти. Затоа е важно да тренирате додека се обидувате да слабеете. Вежбањето се тегови ќе ви помогне да направите повеќе мускулна маса и да согорите повеќе калории.

Квалитетен сон

Треба да спиете најмалку седум часа доколку сакате да слабеете. Ова пореметување значи дека вашето тело не ја добива количината на кислород која му е потребна што доведува до умор и лош квалитет на сон.

Стрес

Во стресните периоди од животот е потешко да ослабете. Вашето тело знае дека е под стрес и нема да ви допушти да слабеете. Ослободете се од стресот доколку сте во процесот на слабеење. Ставете се себеси на прво место

Проблеми со штитната жлезда

Доколку имате проблеми со штитната жлезда и се обидувате да слабеете, мора да знаете дека овој тип на проблем го успорува вашиот метаболизам и брзината со која ги согорувате калориите.

Исхрана

Последно  но најважно- вашата исхрана пред, во тек и по губењето на тежина е пресудна за тоа колку брзо и лесно ќе ослабете и ќе ја задржите телесната тежина. Лекарите препорачуваат дека просечниот возрасен човек треба да внесува најмалку 0,8 гр протеини за секој килограм од телесната тежина дневно или нешто повеќе од седум грама за секои дваесет килограми од телесната тежина. Зголемете го внесот на протеини.

Сепак, треба да имате на ум дека губењето на калории е потполно индивидуален процес.

Вашиот пат кон губитокот на килограми нема да биде како кај некој друг. Обидете се да не се фокусирате на својот пријател или девојката која ја следите на Instagram бидејќи секој организам е различен.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе