МК сцена

Која е Калина Велковска, девојката која го освои жирито на The Voice?

24. февруари 2020 - 14:34 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Македонската пејачка Калина Велковска е една од најнадежните кандидатки на бугарската вeрзија на шоуто за таленти The Voice.

Шармантната Калина со нејзиниот талент толку ги одушеви судиите на аудицијата „на слепо“ со нејзината изведба на песната „This World“ на Села Сју.

Толку многу им се допадна, што дури и ги сврти еден против друг во борбата кој да ја привлече во својот тим.

Судијката Камелија го блокираше Графа за да не може да се сврти и да се натпреварува за да ја земе Калина во својот тим. Тоа во шоуто најчесто е знак дека судиите препознале вистински талент.

Видеото со нејзиниот настап објавено на официјалниот YouTube канал The Voice of Bulgaria е прегледано најмалку 28.600 пати за помалку од 24 часа од објавувањето.

Калина на крај избра да се приклучи на тимот на Иван Лечев.

Калина Велковска, попозната во јавноста како Кали, настапувала како вокалист за многу бендови од различни жанрови, а лани во април го издаде нејзиниот прв сингл „Ти ми зеде сѐ“.

Таа е позната во скопската клупска сцена како жанровски разноврсен и моќен вокал, а не остануваат незабележани ни нејзината убавина, харизма и уникатен стил.

На нејзината официјална Facebook страница Kaly таа почна музички предизвик Kaly's Music Challenge за објавување преработки на познати песни, секако, споделувајќи свои преработки и изведби како пример.

Среќно, Кали, ти посакуваме да стигнеш до врвот!