Филм & ТВ

Кој е најдобриот Џокер досега?

14. октомври 2019 - 20:31 | А.С.

Џокерот е еден од најлегендарните негативци во поп-културата и многу актери добиле шанса да ја направат улогата своја и неповторлива. Ретко кој успеал.

Во оваа листа на Looper се земени предвид и анимираните верзии на Џокерот, како подеднакво важни во споредбата на различните видувања и интерпретации на ликот.

Темата, секако, ја разгорува филмот „Joker“ со Хоакин Феникс во главната улога, кој според публиката и критиката е еден од најдобрите досега, а се шпекулира дека оваа улога ќе му донесе Оскар на актерот.

Видете каде се рангира неговиот Артур Флек во однос на останатите и кажете ни дали се согласувате со листата на Looper.