Кој е најдобриот дриблер во Европа?

Сезонава гледаме одличен фудбал во топ 5 лигите низ Европа, а тоа најмногу се должи на индивидуалните изведби на одредени играчи. Но, од многумината атрактивни играчи, само еден може да биде најдобриот дриблер во Европа.

Експертите имаат многу дилеми околу тоа која од категориите на дриблери е поважна, онаа каде играч пробува многу дриблинзи за време на натпревар или онаа каде играч пробува малку дриблинзи, но повеќето од нив му успеваат.

Според сите параметри, двајцата најдобри дриблери во Европа играат во англиската Премиер лига. Муса Дембеле (Тотенхем) и Еден Хазард (Челзи) се најдобрите, односно најуспешните дриблери во Европа, но на два сосем различни начини.

Муса Дембеле води кога е во прашање процентот на успешни дриблинзи, со завидни 91,7% успешност. Никој не е ниту блиску кога е во прашање процентот на успешност, но мора да се забележи дека Дембеле пробува многу помалку дриблинзи по натпревар од останатите играчи кои беа дел од истражувањето, само еднаш секои 37 минути.

Од оние играчи кои дриблаат многу често, на чело на листата е Еден Хазард, кој пробува по еден дриблинг секои 14 минути, а процентот на успешност му е 81%. Блиску до него на листата се и Нејмар, Меси и Даглас Коста, кои дриблаат во просек на околу 25 минути, додека нивната успешност варира од 67% до 70%.

На другата страна на листата се наоѓаат оние дриблери кои се многу помалку успешни, како Кристијан Пулишиќ, кој за волја на вистината, ретко пробува дриблинзи. Тука се и Вилфрид Заха и Кингсли Коман, кои често пробуваат дриблинзи, но ретко кога им успеваат, со успешност помала од 50%.

Според овие статистики сепак можеме да заклучиме дека Еден Хазард е најдобриот дриблер во Европа, со најголема ефикасност од оние играчи кои често дриблаат. Тој е играчот кој дрибла најчесто во цела Европа, а е втор на листата по успешност.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе