ГЕРМАНЦИТЕ СОВЕТУВААТ

Кои се најдобрите половни автомобили до 5.000 евра?

Престижниот магазин за автомобили Auto Bild направи анализа на годишниот извештај на германската Асоцијција за технички прегледи (TÜV) и ги избра најдобрите и најисплатливите половни возила во ценовната група до 5.000 евра.

Автомобилите се поделени по основа на годината на производство и тоа од 2 до 3 години старост, 4 до 5, 6 до 7, 8 до 9 и 10 до 11 години старост.

Во трите категории на најстари модели без конкуренција е Volkswagen Golf Plus. Со оглед на тоа дека се смета за „пензионерски“ модел, јасно е зошто е толку популарен. Golf Plus нема некои изразени маани, а многу е застапен на пазарот за половни возила, па има повеќе од солиден избор. Цената на возила од овој модел се движи од 1.800 евра за нешто постари примероци и возила со поголем број поминати километри.

Прочитајте и: Дали е возможно да се утврди точната километража на половно возило?

Во групата возила со постар „извод на раѓање“ се препорачува и Ford Fusion кој може да се најде за само 1.000 евра, а нуди многу простор и долготрајност.

Иако е нешто поскап за одржување, многу рационален избор е и Audi A3 стар 8 до 9 години, благодарение на квалитетната изработка и издржливост, без разлика на километражата.

Меѓу препорачаните модели кои се ближат до втората деценија од „животот“ спаѓа и VW Golf IV кој во Германија може да се најде за 3.800 евра.

Ако сакате градски автомобил со старост од 6 до 7 години, Auto Bild најмногу го препорачува Mazda 2 по цена од 2.200 евра која речиси и да нема маани.

Прочитајте и: Купување автомобил на старо: Пет знаци дека возилото било удрено

Во групата возила стари од 4 до 5 години се истакнува Suzuki SX4 кој за 3.100 евра може да биде одличен избор ако ви е потребен модел кој нуди погон на сите четири тркала.

Ако имате ограничен буџет, тогаш најдобро е да се фокусирате на потрага по Peugeot 308. Францускиот адут, ако бил редовно одржуван, нуди многу за цената од 2.500 евра.

Ако можете да си дозволите да потрошите до 4.500 евра, а барате семеен автомобил кој е евтин за одржување, фокусирајте се на Opel Meriva.

Оние кои немаат доверба во автомобили со истечена гаранција и бараат нешто старо 2-3 години по цена од 4.000 до 5.000 евра, нека размислат за  Toyota Yaris или VW Polo, препорачува Auto Bild.

Прочитајте и: Купувате автомобил на старо? Детално проверете го моторот

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе